На ден 17.04. и 25.04.2023 од страна на реонските шумочувари од Подружницата во Кичево, во делот на место викано Црн Камен, во Шумско стопанската единица Дреново, во оддел 14, затекнати се лица како бесправно носат и дотураат дабово и буково огревно дрво.
По извршената контрола констатирано е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча и истите се одземени и однесени во складот на Лопушник, а против лицата затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави.