Немаше мнозинство за избор на нов претседател на Судскиот совет, седнивата е одложена за 2-ри мај

0
149

Седницата на Судскиот совет за избор на нов претседател е одложена за 2-ри мај откако за тоа се изјаснија седум членови, а четворица беа против. Предлогот за одложување на седницата беше на заменик претседателот на Судскиот совет Селим Адеми иако на седницата имаше доволно присутни да се гласа, а нов претседател се избира со 8 гласови, објави slobodnaevropa.mk.

Разрешената претседателка Весна Дамева го обвини дека со тоа го прекршува Деловникот за работа.

„Морам да бидам искрена дека очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа (нов претседател) во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување, без спроведена било каква постапка, на некој начин ќе се легализира“, рече Дамева.

Таа вчера беше разрешена на тензична седница откако потпретседателот Адеми го презеде од неа раководењето на седницата и го стави на гласање нејзиното разрешување за кое се изјаснија 7 членови. Инаку на оваа седница требаше да се расправа за одговорност на апелацискиот судија Енвер Беџети за кого беше констатирано дека девет месеци го чувал предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

Веднаш по седницата судската фела и правните експерти реагираа дека разрешувањето било незаконско.

Денеска и претседателот на државата Стево Пендаровски соопшти дека вакви сцени не му доликуваат на тело кое има многу одговорна улога, со оглед на неговите надлежности во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите.

„Со вакви постапки, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем“, изјави Пендаровски.

Министерстовото за правда, пак, побара Судскиот совет да го достави на увид Записникиот од 438-та седница како, како и усвоениот дневен ред на седницата.

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk

фото: МИА