(ВИДЕО) Со камен го нападнала сопругот кога го фатила со друга жена !

0
301

Со денови главна тема на социјалните мрежи е овој неверен маж

Случајни минувачи биле сведоци на вистинска љубовна драма која ескалирала со насилство.
Инцидентот се случил во мексиканскиот град Сијудад Викторија пред Универзитетот Мигел Алеман, откако сопругата го фатила својот брачен партнер како ја изневерува.

Швалерот бил угледен професор кој веќе подолго време бил „во игра“ со една негова студентка која наводно била дваесет години помлада од него.
Како што и самите ќе се уверите откако ќе го погледнете видеото, лутата сопруга прво го замолува мажот да го напушти автомобилот. Во следната секунда му го блокира патот, а ситуацијата излегува од контрола кога една девојка и подава големо парче камен.

Во истиот миг таа почнува да удира по ветробранското стакло и да му го гребе возилото. Сепак, неколку секунди подоцна се повлекува и го напушта „местото на злосторството“.

 

mastilo.mk