Албанската полиција заплени 13 килограми и 750 грама хероин во пристаништето Драч во автобус кој одржувал релација Драч-Милано.
Во официјалното соопштение, полицијата објави детали за финализирањето на акцијата „Терминал“, спроведена од Граничната полиција на пристаништето Драч, во соработка со специјалците за истрага на нелегална трговија на наркотици и царинските органи на пристаништето.
-Од детална проверка, со примена на современи контролни техники, полициските службеници открија скриени во задниот дел на автобусот, 26 пакетчиња завиткани со натрибан, во кој имало осомничена наркотична супстанца хероин со вкупна тежина од 13 килограми и 750 грама, која е одземена како материјален доказ, стои во полициското соопштение.
Уапсени се лицата М.П. (32), жител на албанскиот град Рогожина, сопственик на автобуската компанија “Кели Травел“ и П. Р. (57) жител на Фиер, возач на автобусот во кај била пронајдена дрогата.
фото: Архива