САД објавија дека од следната недела ќе биде укинато задолжителното вакцинирање против КОВИД-19 за меѓународните патници што патуваат со авион, известува Анадолу.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека одлуката за задолжително вакцинирање против епидемијата на КОВИД-19, која е донесена во 2021 година, ќе престане да важи на 11 мај за сојузните службеници и меѓународните патници што патуваат со авиопревозници.
Се потсетува дека Министерството за здравство и социјална заштита и Министерството за внатрешна безбедност на САД започнале и процес на укинување на обврската за вакцинирање во училиштата, здравствените установи и за неамериканските граѓани што доаѓаат преку копнените граници, а детални информации ќе бидат објавени наредните денови.
Претседателот на САД, Џо Бајден, потпиша Закон за укинување на „Декларацијата за вонредна состојба“ на 11 април, но Врховниот суд на САД одлучи овој процес да го заврши на 11 мај.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.