(ВИДЕО) На Ахмети не му беше дозволено да стави цвеќе на гроб во село Слупчане од страна на таткото на починат син

Таткото на Али Махмути не дозволи лидерот на ДУИ, Али Ахмети да стави цвеќе на гробот на неговиот син во селото Слупчанe, пренесоа медиумите на албански јазик. Станува збор за лице загинато во 2001 година. Во коментарите луѓето го нарекуваат Ахмети предавник и човек кој е жеден за власт.

На церемонијата за одбележување на почетокот на конфликтот во 2001-вата во Слупчане денеска се појави и Ахмети. Во еден момент додека положуваше цвеќиња на гробовите на загинатите припадници на ОНА, револтиран татко не му дозволи да стави цвеќе на гробот на син му. Станува збор за загинатиот Али Махмути од скопско Ченто. Загинал за време на борбите во Матејче

faktor.mk