„Ноќта пред трагедијата, Коста бил на роденден со пријателите што ги застрелал“: Шокирани соседи на семејството на Коста откриваат што се случило пред пукањето во училиштето

0
237

Соседите од зградата во која живее Коста К.(13), момчето кое вчера уби осум училишни другари и обезбедување, а повреди шест ученици и професор по историја, се уште се во голем шок, немаат сили да коментар за вчерашната трагедија.

 

Како што вели еден сосед, таткото на момчето секогаш бил тука за сите во зградата кога им била потребна помош – како лекар, но и како сосед.

 

Исто така, момчето често помагало, им носело храна на соседите.

 

Меѓутоа, она што сите ги изненадува е тоа што таткото на момчето имал толку многу оружје во станот.

„Кога полицијата ги вадеше работите од станот, велат дека е пронајдено повеќе оружје. Во 2016 година поднел барање за оружје и претпоставувам оттогаш почнал да го собира, којзнае што му искочило во глава“, вели еден сосед.

За Коста зборуваат како повлечен и срамежлив тип, кој не се видел со другарите.

 

„Секогаш со нив имаше само жена која ги чуваше, искрено никогаш не го видов со друштво. Но, знам дека ноќта пред трагедијата, тој беше на роденден со својот клас, оние што ги застрела! Имаше и една девојка што му се допадна и ја застрела“, раскажува шокирана соседка.

 

 

nova.rs