Во тек е прес-конференцијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Пред јавноста може да се обратат и министерот за одбрана Милош Вучевиќ и министерката за здравство Даница Грујичиќ.
„По втор пат во последните 48 часа морам да зборувам, иако секој збор е тежок, а во исто време излишен и недоволен. Заедно со членовите на семејството и обезбедувањето во Белград, сакам да изразам сочувство во мое име и членовите на Владата за криминалот во Младеновац. Сакаме да им порачаме дека сме обединети во болка и тага“, рече Вучиќ.
„Ова е напад врз целата наша држава, рече претседателот на Србија.