Стоилковски: Ковачевски да прифати ТВ-дебата за да го објасни штетниот договор за коридорите

Димитар Ковачевски мора да ја прифати понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ТВ-дуел посветен на договорот за коридорите, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Народот се ужасува од фактот дека се крие договор, кој само за два месеца ги чини 300 милиони евра, а лопата не е фрлена! Народот, чии пари се фрлаат, мора да ги знае фактите, толкав договор не смее да се скрие! Договорот со толку штетни клаузули не може да остане скриен од народот! Димитар Ковачевски мора да престане да бега и мора да се соочи со фактите, јавно на ТВ-дуел, вели тој.