(ФОТО) Убиецот од Младеновац ,во полиција донесен во комбинезон, само во чорапи

УБИЕЦОТ Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац, недалеку од Белград, уби осум лица, а рани 14, силни полициски сили го донесоа во полициската станица во Смедерево.

Специјалците вооружени до заби го донесоа во бели комбинезони, со лисици на грбот, држејќи му ја главата надолу.

Имаше само чорапи на нозете. Може да се претпостави дека неговата облека е испратена на вештачење.

 

Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, па доцна попладнето пристигнал во полициска станица.

 

index.hr