„Го однесов на стрелиште, забележаа дека е особено талентиран“ признал таткото на убиецот од училиштето

Од полицијата и судот беше сосушан Владимир Кечмановиќ, таткото на Коста Кечмановиќ, кој во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград уби девет и повреди седум лица.

Тој е во притвор од средата, кога неговиот син го извршил делото со пиштолот за кој тврди дека го чувал во сеф и дека не знае од каде момчето ја добило шифрата од него.

Владимир Кецмановиќ на рочиштето призна дека навистина го однел синот на стрелиштето, но и дека неговиот син бил жртва на врсничко насилство во „Владислав Рибникар“.

– Така е, го однесов на стрелиште, забележаа дека е особено талентиран. Беше жртва на врсничко насилство, го тепаа, го исфрлаа од секакви игри – во очај изјави Владимир Кечемановиќ и додаде дека сепак тој е мртов човек.

 

republika.rs