Србија обвиена во црно – Денеска погреб на 10 жртви од двата масакри

На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворицата ученици и еден обезбедувач кои беа убиени во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, додека петте жртви од пукотницата кај Младеновац ќе бидат погребани во Мали Орашје.

Во недела се закажани уште три погреби, а во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе бидат извршени два погреба.

Во Србија денеска е втор ден на жалост поради трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац.

Во два масакра во Србија се убиени 17 млади луѓе – во средата 13-годишно момче застрела и уби осум ученици и обезбедувач во училиштето „Владислав Рибникар“, притоа рани шест ученици и наставник, а еден ден подоцна, 21 годишно момче уби осум лица, а рани 14 кога пукаше врз жителите на неколку села во околината на Младеновац и Смедерево.

Шест ученици и ученички од училиштето во Белград се хоспитализирани со прострелни рани, а две деца се уште се во критична состојба.

извор: Канал 5