Пред масакрот Коста К. бил на роденден на славеникот му рекол: Подарок ќе добиеш во среда на училиште!

Момчето-убиец, Коста К. бил на роденденска забава на 1 мај на соученик од ОУ „Владислав Рибникар“, кога му рекол на славеникот „дека ќе му донесе подарок на училиште во среда, на 3 мај“, денот кога го изврши масакрот, за ова раскажува негов врсник и пријател.

Со оружјето на неговиот татко Коста К. уби осуммина негови врсници и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“. Тој ден и неговиот соученик бил присутен на настанот. Тој видел и слушнал сè. Денеска положил цвеќе пред училиштето кое за неколку минути стана сцена на најнеочекуваниот криминален момент.

Училишниот другар на убиецот објаснува дека тој неодамна побарал да го смени класот за да избегне малтретирање, но, според него, инцидентите продолжиле и во новото одделение.

„Коста никогаш не добиваше лоши оценки. Меѓутоа, еднаш бевме во паркот и други го опкружија за да викаат „бубалица“, „несреќен“, и други навреди. Но, колку што знам, никогаш не бил тепан“, објаснува момчето.

– Беше крајот на првиот час, околу 8:35 часот. Слушнавме истрели, но прво помисливме дека масите се превртеле, бидејќи беше погласно од петарди. Сè се случи брзо, сфативме дури кога една наша учителка влезе во училницата викајќи: „Пукаат, бегај, бегај!!! Наставничката не спаси. Додека заминував, погледнав низ прозорецот и го видов другарот во дворот Тогаш не сфатив дека тој е убиецот, дознав подоцна – изјавил училишен другар на убиецот, а пренесува францускиот весник „Ле соар“. Тој потоа се осврнал на врската со него.

– Долго време сме пријатели. Се дружевме и надвор од училиштето. Со часови игравме видео игри, особено Fortnite, но игравме и фудбал во паркот Ташмајдан – објаснува тој и додава дека Коста бил „мирен, пристоен и малку интровертен“.

Тој понатаму наведува дека момчето пукало и во својот пријател кој не донел роденденски подарок два дена пред масакрот.

Сепак, како што вели, момчето успеало да се спаси скокнувајќи од прозорецот.

фото: Архива