Четириесет и девет ученици денеска пријавиле тегоби, а најмалку осум се пренесени во болница, откако во основно училиште во префектурата Осака било пријавено истекување на гас, соопштија локалните власти.
Полицијата соопшти дека утринава околу 10 часот по локално време добила дојава од противпожарната служба дека во основното училиште Камеи во градот Јао откриено е дека се шири мирис на гас, пренесуваат јапонските агенции.
Полицијата потврди дека локалните власти го истражуваат потеклото на мирисот.
Во кругот на училиштето се забележани неколку возила на Итна помош и противпожарни возила.
nezavisen.mk