El Chiringuito: Меси прифати понуда од 800 милиони евра

ЛИОНЕЛ МЕСИ ќе го напушти ПСЖ на 30 јуни, по две сезони во Париз. Шпанскиот El Chiringuito тврди дека 35-годишниот Аргентинец кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, земјата во која пред половина година замина и Кристијано Роналдо.

 

Меси неодамна отпатува во Саудиска Арабија, но тврди дека не отишол да преговара за деталите од договорот, туку дека извршувал амбасадорска должност. Саудискиот Ал Хилал му нуди 400 милиони евра по сезона, двојно повеќе отколку што Роналдо заработува во Ал Наср. Меси би потпишал двегодишен договор и со тоа би заработил вкупно 800 милиони евра.

Ал Хилал наводно исто така се согласил да го доведе Серхио Бускетс од Барселона, а исто така се обидува да го донесе и неговиот соиграч Жорди Алба. Францускиот новинар Мохамед Бухафси тврди дека Саудијците им ветиле на Меси и Марко Верати од ПСЖ.

 

Од друга страна, Барселона се обидува да го доведе Меси, но не може да му понуди ни приближно колку Ал Хилал. Наводно, понудата на челниците на Барселона за враќање на Меси е следна: клубот е подготвен да му понуди двегодишна соработка, со тоа што Меси по една сезона може да одлучи да си замине. Дополнително, има вкупно 25 милиони евра.

 

index.hr