(ФОТО) Вештачката интелигенција даде слика како би изгледала денеска принцезата Дијана доколку беше жива

Во саботата, на 6 мај, беше крунисан новиот британски крал Чарлс III, и неговата втора сопруга кралицата Камила. И додека низ медиумите и социјалните се уште кружат фотографии од настанот, неизбежни беа коментарите дека Камила никогаш нема да може да ја замени единствената вистинска кралица – покојната принцеза Дијана!

Иако во моментот на нејзината смрт во 1997 година, Лејди Ди веќе беше разведена од Чарлс, тогашниот принц од Велс, таа сигурно никогаш немаше да ја добие титулата кралица, но Британците едноставно ја обожаваа убавата русокоса која до ден денес ја паметат како најомилен член на кралското семејство во поновата историја.

Јавноста често го споредуваше изгледот на Камила и Дијана, коментирајќи дека Лејди Ди имала вродена елеганција и дека никој никогаш нема да може да и парира на нејзиниот моден стил.

Во менментот на крунисувањето на Камила, могумина се прашуваа како би изгледала Дијана, која денес би имала 61 година, на таа свечена пригода.

Благодарение на модерната технологија и различните апликации и програми за уредување фотографии, вакво нешто е лесно да се предвиди. На социјалните мрежи кружи „уметничко дело“ од „вештачка интелигенција“, кое многу сликовито покажува како денес би можела да изгледа мајката на Хари и Вилијам.

На сликата создадена со вештачка интелигенција, таа носи гламурозен фустан од тул со сребрени светки и дијамантски висечки обетки, но и фризурата по која беше позната за време на нејзиниот живот.

 

zenskimagazin.mk