(ВИДЕО) Oпожарен мостот на улица „Беласица“ кај ТЦ „Ист Гејт“, огнот изгаснат рано утринава

Регионалниот центар за управување со кризи (ЦУК) ја пренесува информацијата од Бригадата за против пожарна заштита на Град Скопје дека синоќа во 23.57 часот поради опажарена електрична и топловодна инсталација бил предизвикан пожар од кој е оштетен мостот „Белсица“ на истоимената улица во близина на ТЦ „Ист Гејт“, кај бензинскатра пумпа „Макпетрол“.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 21 пожарникар, со 8 противпожарни возила, а била зафатена површина од 2.000 квадратни метри. Пожарот целосно е изгаснат во 04:00 часот.

ЦУК за настанатата состојба ги известил сите надлежни институции, што посредно и непосредно имале инсталација на мостот, кој што бил зафатен со пожарот.

–Известено е Министерството за внатрешни работи кое целосно го блокираше сообраќајот на мостот, бензинската пумпа „Макпетрол“. АД „Гама“- Скопје беа на лице место и утврдија дека немаат гасоводна мрежа што поминува на овој потег, додека Македонски железници во одреден временски период на траење на пожарот беше исклучен од напојувањето со електрична енергија од ЕВН Македонија, АД „ЕСМ“. „Балкан Ен ерџи Груп“, бидејќи имаше оштетено дел од цевките за парно греење пратија екипа за нивна санација- соопштија од ЦУК.

Оттаму додаваат дека во текот на траењето на настанот биле во постојана комуникација со институциите на терен и редовно одговарале на на сите потреби на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, со цел полесно да се локализира пожарот и да не дојде до несакани последици како по пожарникарите кои го гаснеле пожарот, така и по населението кое што живее во непосредна близина.

Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

извор: ЦУК

 

Видео: ФБ Borislav Stoilkovic