Заради тешка сообраќајна несреќа кај селото Владевци, на магистралниот пат Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин во двата правца.
Според првичните информации од полицијата, во сообраќајката, која се случила во 18:40 часот, учествувале мотоцикл и автомобил.
Како што потврдија од СВР Струмица на местото на незгодата починала сопатничката од моторциклот.
sitel.mk