(ФОТО) Свечен дочек на ПМФ за Македонските математичари кои постигнаа нов рекорд – освоија 6 медали на Балканската олимпијада

Младите македонски математичари кои деновиве постигнаа голем успех освојувајќи рекордни шест медали на Балканската математичка олимпијада и поставија и нов тимски рекорд кога се работи за вкупно освоените поени, пристигнаа во Македонија.

Тие беа свечено дочекани на Природно – математички факултет – Скопје, каде денеска се одржува државниот натпревар по математика.

– За прв пат се освоени шест медали меѓу кои еден златен, еден сребрен и четири бронзени медали. Бројот на освоени тимски поени кој само во 2022 г. беше 118 е уште еднаш надминат, и оваа година изнесува 157 поени, што ја пласира Македонија на 5-тото место во официјалната конкуренција. Македонија е една од трите држави со златен медал, соопшти Сојузот на математичарите на Македонија.

Златниот медал е освоен од Никола Спировски, сребрениот е од Дамјан Давков, а бронзените од Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветаноски и Алек Танаскоски.

Се додава и тоа дека што една од задачите кои сите учесници на Олимпијадата ја решаваа беше македонски предлог (задача 1), во авторство на лидерот на македонскиот тим Никола Велов.

фото: NEWS1.MK