Таткото на малолетниот масовен убиец се обидел да се самоубие? Радиологот со сета сила удрил со глава во ѕид

Таткото на малолетниот масовен убиец Коста К.(13), кој уби девет лица во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, денеска се обидел да се самоповреди во ќелијата.Радиологот Владимир К., кој е во притвор, со сета сила намерно си ја удрил главата од ѕид, дознава српски „Информер“.

Како што пренесува порталот, тој итно бил префрлен во затворската амбуланта во Централниот затвор на улицата Бачванска во Белград.

Засега не се знае неговата состојба.