Маск: Сорос е мутант кој го мрази човештвото

Милијардерот Илон Маск ги коментираше гласините за смртта на Џорџ Сорос, кои потоа ги демантираше самиот Сорос. Маск го спореди Сорос со еден од главните негативци на стрип-универзумот на Марвел – мутантот Магнето, кој е опседнат со идејата за супериорност на мутантите над луѓето.

„Тој сака да го уништи самото ткиво на цивилизацијата. Сорос го мрази човештвото, додаде сопственикот на Твитер.

Инаку вчера на социјалните мрежи почна да се шири веста за смртта на финансиерот Џорџ Сорос од срцев удар. Самиот Сорос ги демантираше гласините, пишувајќи на Твитер дека е жив.„Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни, жив сум и здрав“.

извор: Твитер Илон Маск