Бугарија категорично не се однесува со Северна Македонија, како што се однесува Русија со Украина, вистината е спротивна, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во настап за бугарската „БТВ“.
„Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во јануари или февруари имал средба со нивни функционери, на која станало јасно дека тој е иницијатор на „црните листи“ со бугарски граѓани, изјави европратеникот Андреј Ковачев.
„Бевме толку возбудени што не сметавме дека е потребно да ги разјасниме нашите проблеми надвор од територијата на Бугарија. Мислевме дека на братски начин ќе успееме да го надминеме повеќедецениското несогласување, омразата и на тој начин самите да ги надминеме проблемите“, потенцира Ковачев.
„Повеќе од 25 години молчиме на оваа тема, но ве уверувам дека во секоја декларација во ЕУ пишува за дискриминација на Бугарите“, додава европратеникот.
„Човековите права се клучни за ЕУ. Во Скопје ако тврдиш дека си Бугарин е проблем. Оваа земја е кандидат за Европската Унија. Го повикувам Националното собрание итно да ги усвои измените на законот за бугарско државјанство“, рече тој.
„Имаме земја во која моментумот од југословенската идеологија продолжува и сега. Не велам дека ние сме совршени, но има многу проблеми и кај соседите. И двете земји имаат долг пат“, категорично рече Ковачев.
Според него, историската комисија е апсолутно блокирана и не работи. „Вистината за историјата не може да ги дискриминира луѓето што живеат сега. Нема шанси да не натерате да замолчиме пред дискриминацијата и историските факти“, заклучува европратеникот Ковачев за бугарската „БТВ“.