Извршен е напад врз центарот „Туркеви“ (Турска куќа) во кој се наоѓаат канцелариите на Постојаното претставништво на Туркије во Обединетите нации (ОН) и на Главниот конзулат на Туркије во Њујорк, јавува Анадолу.
Според добиените информации, неидентификувано лице во 03:14 часот по локално време со железна хебла скршило неколку стакла во долниот дел на зградата.
Се истакнува дека е воспоставен контакт со полицијата во Њујорк во врска со случајот.
Полицијата во Њујорк постави безбедносен кордон во околината на „Туркеви“ и започна истрага за случајот.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.