Успешно лансирање од САД: Саудиски астронаути тргнаа кон Меѓународната вселенска станица

Саудиска Арабија денес го соопшти успешното лансирање ракета со саудиски астроунаути кон Меѓународната вселенска станица, јавува Анадолу.

Рајана Барнави, истражувачка на матични клетки, стана прва жена од Саудиска Арабија што во вселената отпатува со ракетата Фалкон 9 на Спејс Екс, лансирана од вселенскиот центар Кенеди. Со неа на вселенската станица замина и Али ал-Карни, пилот на млазен авион на Кралското саудиско воздухопловство.

Државниот саудиски канал Ал-Екбарија го пренесуваше лансирањето во живо на Твитер.

Саудиска Арабија започна научно патување во вселената со првите саудиски астронаути, Рајана Барнави и Али ал-Карни, за Меѓународната вселенска станица (ISS) од Кејп Канаверал, Флорида, Соединетите Американски Држави.

Тоа е втор приватен лет до вселенската станица организиран од Axiom Space од Хјустон.

Оваа мисија има цел „спроведување научни и истражувачки експерименти што можат да придонесат за зајакнување на глобалната позиција на Саудиска Арабија во областа на истражувањето на вселената“.

Во септември 2022 година Саудиската вселенска комисија започна програма за астронаути, со цел да квалификуваат саудиски кадри за долгорочни и краткорочни летови во вселената и учество во научни експерименти, меѓународни истражувања и идни вселенски мисии.

Десетдневната мисија требаше да биде лансирана од вселенскиот центар Кенеди на 8 мај, но НАСА и Axiom Space го одложија до 21 мај.

извор:Анадолу.

фото: Анадолу.