Градоначалничката Данела Арсовска и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Драган Илиевски поставен од нејзе и понатаму го кочат проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, пишува „Сакам да кажам“, според чии извори претставниците од Градот не се појавуваат на состаноците и разрешен е раководителот на проектната единица за имплементација на проектот, објави СДК.мк.
Поради овие причини, претставнците на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската инвестициска банка (ЕИБ) кои го финансираат проектот, доставиле писмено известување дека нема да учествуваат во натамошните редовни неделни и месечни состаноци додека Градот и јавното претпријатие не обезбедат соодветни претставници. Тие исто така бараат образложение зошто е сменет раководителот на проектната единица. Тоа значи дека сега проектот е во застој, односно не можат да почнат да се реализираат никакви актвности за да се почне со градба на пречистителната станица.
Текстот во целост на: СДК.мк
фото: Република – Церемонијата за потпишување грант за изградба на пречистителна станица во Скопје, 22 март 2023