На магистралниот пат Битола-Прилеп кај село Долно Српци загинал албански државјанин кој како пешак бил удрен од возило „форд“ со бугарски регистарски ознаки. Бугарското возило било управувано од Д.И. (45) од Битола (женско лице) кое удрило во Џ.Ф.(52) од Албанија. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.
Албански државјанин прегазен на патот Прилеп-Битола
