Експлозија кај трговски центар во Риека, уапсени двајца со бомби – Кај нив пронашле и трета експлозивна направа!

Ноќеска, половина час по полноќ во близина на трговскиот центар Пеќине во Риека, Хрватска, била активирана непозната експлозивна направа. Нема повредени лица, информираат хрватските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Пред таа експлозија, полицијата нашла Хрват и Германец кои ја поставувале втора бомба пред трговски центар во областа Кострена.

Кај нив пронашле и трета експлозивна направа!

Осомничените се поврзани и со експлозијата на 21 мај во областа на трговскиот центар Вежица во Риека.

Повеќе детали полицијата ќе соопшти по кривичната истрага.

 

Фото: Архива