Репрезентативецот на Србија ја сподели тажната вест.
Немања Гудељ, репрезентативец на Србија во фудбал и неговата девојка Анастасија Ражнатовиќ останаа без бебе.
Гудељ и Ражнатовиќ на крајот на април објавија дека го чекаат своето прво дете, но еден месец подоцна беше објавена тажната вест.
„Со вас споделивме добра вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, напиша фудбалерот на Србија и Севиља на својот Инстаграм профил.
nova.rs