Битиќи: Нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето, но ќе реагираме ако има потреба

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува големи осцилации и зголемување на цените на прехранбените производи, по нивното одмрзнување што треба да стапи во сила задутре, но најавува дека Владата ќе ја следи состојбата за да реагира ако евентуално се случи тоа.

-Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше.

Цената на суровини на светските берзи е намалена.

Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени, како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени.

Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат, изјави денеска Битиќи.

фото: Архива