Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер ја погоди Романија

Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Арад на длабочина од 9 километри.

Според некои информации, земјотресот бил почувствуван и во Белград.

– Можам да се заколнам дека земјотресот е почувствуван во Белград – наведува еден корисник на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

 

извор: ЕМСЦ