Котевски: Кој дозволи скандалозна хациенда до Стрежевското езеро?

Откако во јавноста беше обелоденето дека на брегот на вештачката акумулација за вода „Стрежевско езеро“ на околу само педесет метри од езерото се гради огромна „Хациенда“ односно во зона заштитена со Закон, во сопственост на познат битолски бизнисмен, истакна Котевски на денешната прес конференција.

Го прашуваме директорот на ЈП „Стрежево“ Методија Граматковски дали е точно дека со Ваша „усна наредба“ во вечерните часови на викендите во текот на минатата 2022 година се отворале вратите на службениот влез на Стрежево од патот кој води до имотот на бизнисменот? Одговорете јасно господине Граматковски, дали сето тоа се случувало лично по ваша наредба?

Дали е точно дека во тие периоди кога поминувале камионите со градежниот материјал за изградба на „Хациендата“ од 1.500м2 по Ваша „усна наредба“ се исклучувале камерите за видео надзор?

Дали сте свесни директоре Граматковски, дека ги прекршувате член 58 од Законот за заштита на природата кој вели – „Забранета е изградбата на објекти или стопанисување со природните богатства крај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните или вештачките езера, како и плавените рамнини на водотеците“?

Дали сте свесни дека заради прекршувањето на истата оваа одредба ЈП „Стрежево“ може да плати глоба во висина од 180.000 до 200.000 евра?

Во што сте вплеткани, директоре Граматковски, какви матни зделки, поткупи или можеби уцени, само за да ја задржите директорската фотелја, во најмала рака чесно и воспитно е да им одговорите на граѓаните.

Еве ние фактите јавно ги соопштуваме, а надлежните институции нека постапат по допрен глас, се разбира ако се одважат.

извор: ВМРО ДПМНЕ