Русин загина од напад на ајкула – рече рускиот конзул Виктор Воропаев, идентификувајќи ја жртвата како 23-годишниот Владимир Попов.
Руските медиуми наведуваат дека жртвата е Владимир Попов, хонорарен илустратор кој живее надвор од Москва.
На социјалните мрежи е објавено вознемирувачко видео од нападот.
Mısır'ın Hurgada kentinde köpekbalığının saldırısına uğrayan bir kişi hayatını kaybetti. Arkadaşı kaçmayı başardıhttps://t.co/gdGNMydGT0
— Musitem Haber (@musitem) June 8, 2023
Очевидци велат дека спасувачите се обиделе да го спасат Попов, но кога стигнале до водата, ајкулата веќе го фатила.
Руските медиуми јавуваат дека жената, наводно девојка на жртвата, успеала да исплива и да побегне. На снимката може да се види како хистерично плаче на плажата додека случајните минувачи се обидуваат да ја утешат по грозоморната сцена.
На туристите кои го посетуваат одморалиштето сега наводно им е забранет влез во водата.
kanal5.mk