Во голем број училишта низ Црна Гора и утринава пристигнаа дојави за поставени бомби, јавува Анадолу.
Освен во училиштата, дојави за поставени бомби пристигнаа и на адреси на голем број судови во Црна Гора, на министерства, медиумски куќи и институции.
Исто и вчера имаше дојави за поставени бомби во Собранието, повеќето училишта и одредени институции.
Поради дојавите за бомби, наставата во училиштата денес ќе биде организирана онлајн.
„Полицијата ги презема сите активности во своја надлежност во однос на дојавите за поставени експлозивни направи во повеќе институции во Црна Гора. За исходот јавноста ќе биде навреме информирана“, соопштено е од полицијата.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.