Се степаа директори на основни училишта во ноќен клуб во Кавадарци!

Директорот на О.У. Димката Ангелов-Габерот, Георги Г. И директорот на О.У. Тошо Велков Пепето, Сашо П. Синоќа се приведени во полиција.

Тие биле под дејство на алкохол а приведени се поради напад на обезбедувањето и нарушување на јавниот ред и мир.

-Заради дрското,недолично однесување на носители на јавни функции ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се превземе одговорност и да си поднесат морални оставки,градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директори на основни училишта, стои во описот на видеото кое е објавено на Фејсбук.
Видеото попладнево е избришано од социјалната мрежа Фејсбук.

фото:fokus.mk