Новак Ѓоковиќ одамна влезе во аналите на светскиот тенис, а денеска, 11 јуни во Париз ја изгравира 23.тата рекордна Грен слем титула за тениска историја.
Во финалето на Ролан Гарос, 36 годишниот српски ветеран го победи борбениот Норвежанец Каспер Руд со 3:0 во сетови (7:6, 6:3, 7:5) и ја освои третата титула на Отвореното првенство на Франција.
Ѓоковиќ стана и најстариот победник на Ролан Гарос на сите времиња.
За Ѓоковиќ ова беше 34. Грен слем финале – додека Каспер Руд го играше третото а минатата година загуби од Надал. Најголемата шанса за освојување на сет Норвежанецот кој одигра добра партија ја имаше во првиот сет кога загуби во тајбрејкот.
На спротивната страна Ѓоковиќ успеа да се извлече од неколку тешки ситуации и да дојде до убедлив триумф кој го враќа на првото место на АТП листата.