(ВИДЕО) Локалната и туристичкиот сектор едногласни дека не е момент да се затвори влезот од Охрид, од СВР уверуваат дека приодните патишта се безбедни

На иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков денеска во општина Охрид се одржи состанок поврзан со новото сообраќајно решение на влезот од Охрид за пренасочување на сообраќајот по стариот пат за Струга. На состанокот и поканети да земат учество беа сите пратеници од Охрид во македонското собрание, СВР Охрид, Хотам, туристички работници, угостителски еснаф и претставници на службите од Локалната самоуправа. Но, и покрај поканата пратениците не присуствуваа на овој состанок.

Градоначалникот пред присутните ја образложи причината за револтот на Охриѓани и како што кажа „Ние не сме да не се гради, напротив едвај чекаме да се заврши овој автопат, но почетокот на туристичката сезона не е моментот да се гради делот на самиот влез од Охрид. Пецаков појасна дека до ова барање се дошло имајќи предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа.

-Дополнителен проблем е што влезот „Распеќе“ е правен без соодветна подлога, така да ние како стручни служби сметаме дека нема да издржи 45 дена. Подлогата е ставена директно на земја, нема тампон. Ние очекуваме за 10 до 15 дена да нема фукционалност, истакна раководителот на секторот за комунални дејности сообраќаји улици Тони Ивановски.

Од туристичкиот сектор разочарани што во овој момент е донесена одлука да се гради влезот од Охрид. Тие велат дека очекуваат многу гости и дека не е во ред да патуваат до хотелските капацитети колку што патувале до Македонија.

Началникот на СВР Охрид, Жарко Лазороски, потенцираше дека добил уверување дека на автопатот ќе се работи со забрзано темпо во повеќе смени и дека покрај најавата дека истиот ќе биде готов за 45 дена, добил уверување дека градежните зафати ќе завршат и многу порано. Инаку началникот дополна дека СВР е постајано на терен и дека приодот кон Охрид за сите е максимално безбеден.

Во продолжение ви го пренесуваме Б А Р А Њ Е Т О, кое го потпишаа градоначалникот, претседателот на советот на Општина Охрид, ХОТАМ, како и претставниците од туристичкиот сектор.

-Согласно одржаниот состанок на ден 12.06.2023 година кој беше наменет за последиците кои што Охрид и регионот ќе ги трпат од новиот режим на сообраќај на влезот од Охрид кај Подмоље, односно пренасочувањето на сообраќајот по стариот локален пат Охрид – Струга едногласно произлезе заклучок дека ваквата состојба е погубна за Охрид и Охридскиот регион, бидејќи во моментов и периодот што следи Охрид ќе биде центар во Република Македонија. Во очи на почеток на летната туристичка сезона да се затвори главниот приод кон Охрид е погубна одлука бидејќи со тоа значајно ќе се намали бројот на гости кои што ќе престојуваат во Охрид, имајќи предвид дека тој пат води и до Охридскиот аеродром. Со ваквата одлука
голем број на семејства чија главна егзистенција е туризмот, ќе останат без приходи. Тука истотака се создава проблем и кај хотелиерите бидејќи постои веројатност веќе закажаните резервации да ги откажат и тие да останат без прихот. Имајќи предвид дека изминатите неколку години беа тешки години за туризмот и турстичките работници, ова би значело крах на туристичкиот сектор во Охрид, а воедно и во Република Македонија.
Покрај горенаведените причини, со пренасочувањето произлегува и дополнителен проблем кој е од хуман и здраствен аспект. Преоторувањето на стариот локален пат Охрид – Струга, создава поблем и за возилата за
специјална намена брза помош, полиција и противпожарни возила.
Знаејќи дека токму на тој пат е лоцирана Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ која што е регионална, понатка создава проблем кај родителите кои своите деца мора да ги носат за терапија или итни прегледи на Детското одделение во Општата болница во Струга. Истотака се создава проблем и за ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања – Охрид, каде за успешно лекување на пациентите потребна е брза реакција.
Од сето горенаведено заедничи испраќаме БАРАЊЕ до Владата на Република Македонија и до Министерството за транспорт и врски, градежните зафати на овој потег да ги одложат за септември. До ова барање се дојде имајќи предвид дека не станува збор за последни километри за изградба од автопатската делница, па така градежните активности може да се насочат на друга точка, а од септември да продолжат на оваа.
Со надеж дека ќе излезете во пресрет на нашето барање, се вели во барањето.

Во продолжение погледнете како изгледа влезот во Охрид во моментов.

 

извор: Охрид 1