(ФОТО) Ни 24 часа не издржаа новите столбчиња поставни на паркингот во Лептокарија

Ни 24 часа не издржаа новите столбчиња поставни на паркингот во Лептокарија. Утрово едно од нив е уништено.

Вчера службите на општина Карпош поставија столпчиња на паркингот во Лептокарија за да се овозможи простор за минување на пешаци. Денеска едно од столпчињата е урнато од несовесен возач. Сопственикот на возилото е пријавен во Пајак службата на Град Скопје, соопштија од Општина Карпош, од каде апелираат до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно и да не ја уништуваат урбаната опрема.

Во коментарите корисниците им порачаа дека не се потребни апели, туку казни.

извор: ФБ Општина Карпош