Груевски: Никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што, лажна вест!

0
246

По изјавата на Зоран Димитровски, поранешен новинар и уредник, а сега партиски функционер на Демократски сојуз дека СДСМ испратил луѓе во Будимпешта на средба со поранешниот премиер Никола Груевски за да побараат помош од него за обезбедување одреден број пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните промени за Бугарите да влезат во Уставот, во замена за амнестија за него, преку соцојлните мрежи се огласи Груевски.

Објавата од Груевски ја пренесуваме во целост:

Дознав дека деновиве на некој медиум имало изјава од поранешен заменик министер за локална самоуправа дека луѓе од СДСМ дошле кај мене во Будимпешта и барале подршка за двотретинско мнозинство за промени на уставот, во замена за прекин на политичкиот прогон, и дека јас тоа сум го одбил.
Ме известија и дека таа изјава станала вирална на социјалните мрежи.
Иако ваквите лажни вести и шпекулации најчесто ги игнорирам бидејќи од различен тип ги има скоро секој ден, со оглед дека многу мои пријатели ме прашуваат дали е тоа точно, информирам дека никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што.
Лажна вест!
Штета што во Македонија не се случува ништо паметно, сериозно и убаво што би било тема за јавна дискусија, па лажните вести често поврзани и со моето име, се главно мени во јавниот дискурс и таквите стануваат вест за која со денови се дискутира.

извор: ФБ Никола Груевски