(ФОТО) Герасимовски: Уништувањето на детските игралишта e тажно и срамно

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски укажува дека има вандализирани детски игралишта.

Вели дека некои од нив се уништени за една седмица.

„Тажна е сликата да ги гледате реконструираните детски игралишта вандализирани. Некои од нив не издржаа здрави ниту една недела. Тажно и срамно е ова што се прави. Детските игралишта и урбаната опрема се јавно добро за нашите најмили. Со нивно уништување им се ускратува правото на игра на децата но се доведуваат и во опасност. За кршење и уништување на реквизитите на детските и спортски игралишта секако следуваат парични казни. Како општина бараме поддршка од граѓаните – сите кои ќе затекнат вандализирање и уништување на урбаната опрема случајот да го пријават во општината за да се најдат сторителите и изречат казни“, пишува Герасимовски.
Извор: ФБ Горан Герасимовски