Во базен во Пула се удави тригодишно дете

Во хрватската полиција вчера околу 15.00 часот било пријавено дека Итната медицинска помош се обидувала да реанимира дете кое паднало во базен во дворот од куќа на Медулинска цеста во Пула. И покрај напорите на здравствените работници, детето починало.

Неофицијално се работи за тригодишно дете.

За утврдување на точната причина за смртта, надлежното државно правобранителство нареди обдукција.

Полициски службеници продолжуваат со утврдување на околностите на настанот, соопшти истарската полиција.

фото: Архива