Пронајдено е возило во водите на Лепенец,не е утврдено дали станува збор за автомобилот од сообраќајката кај Блаце

Полициските нуркачки специјалци пронашле возило во реката Лепенец, донава Канал 5 од извори од истрагата.

Не е познато дали станува збор за косовското БМВ, кое пропадна во водите на надојдената река Лепенец, објави Канал 5.

Во возилото имало четворица патници од Косово, се претпоставува дека се семејство. Еден од нив, 21- годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје.

Во возилото БМВ , кое се удрило со Фолксваген туран со скопски таблички , се возеле мајката, таткото и 16- годишниот брат на момчето. По нивните тела и натаму се трага, но спасувачите велат дека потрагата е отежната од временските услови и надојдената река, која со себе носи гранки и смет.

извор: Канал 5