Успешно направена операција на Клиниката а неврохирургија врз пациентка која не можела да оди

Интервенцијата која ја извршивме денеска значајно ќе и го подобри квалитетот на живот на пациентката. По хируршкото отстранување на дел од дискусот, кој и оневозможуваше да оди, следува период на опоравување.
На пациентката и посакувам добро здравје и што побрзо да се врати на секојдневните животни активности.
Универзитетската Клиника за неврохирургија значајно го зголеми квалитетот на оперативните интервенции. За разлика од минатото, многу нови методи, оперативни техники сега се стандардни и рутински, напиша Филипче на својот ФБ профил.