Групна тепачка помеѓу шест лица во Скопје

Синоќа се случила групна тепачка меѓу шест лица, при што се користеле метални и дрвени предмети.

– На 20.06.2023 во 01.30 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ,К.(46) и С.К.(36), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 00.20 часот со метални и дрвени предмети предмети ги нападнале Џ.Б.(31), Р.Б.(40), А.Б.(34) и С.Б.(18), сите од Скопје, по што оштетиле и дел од покуќнината во нивниот дом, соопшти МВР.

Причина за нападот, според пријавеното, било претходно недоразбирање помеѓу нивните деца.

– Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.