Рамиз Мерко заврши на црната листа на САД за корупција

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко заврши на црната листа на САД, соопшти Стејт Депатментот. Како причина за одлуката се наведува негова вмешаност во корупција.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека струшкиот градоначалник злоупотребил средства и се мешал во судски и други јавни постапки, со што ја нарушил довербата на јавноста во демократските институции и функционерите на Северна Македонија.

 

 

telma.mk