Бајден стави рака на срце на туѓа химна, доцна сфати дека не е американската

Претседателот на САД Џо Бајден направи нов кикс за време на интонирањето на химните при пречекот на премиерот на Индија Нарендра Моди, кој е во официјална посета на Вашингтон.

На церемонијата на интонирање на химните во Белата Куќа, според протоколот во такви прилики, прво беше интонирана химната на Индија, во чест на гостинот. Притоа Бајден ја стави раката кај срцето, што е вообичаено при изведувањето на химната на САД.

По извесен период сфаќа дека се работи за туѓа химна, и полека ја спушта раката. Видеото од настанот предизвика многу реакции.

После овој кикс, Бајден направи уште еден, кога ја фати раката на Моди и не сакаше да ја пушти, што во непријатна ситуација ја стави неговата сопруга Џил Бајден.

 

извор: република