Мајката и сестрата на масовниот убиец од Белград фатени на граничниот премин „Прохор Пчињски“ кон Македонија

Миљана К., мајката на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ денеска била спречена кога се обидела да ја напушти Србија со својата ќерка, дознава „Блиц“.

Миљана К. се обидела да ја напушти државата преку граничниот премин „Прохор Пчињски“ кон Македонија, но полицијата ја привела, објави Фокус.

Да потсетиме, на крајот на минатиот месец беше покрената истрага против Миљана К., мајка на малолетно момче убиец кој уби девет негови врсници и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“, поради сомнение дека го занемарила и малтретирала момчето убиец пред делото. Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, и се заканува затворска казна до три години.

Текстот во целост на: Фокус