Крадец од Србија фатен како кради во црква во Битола

Денеска, од страна полициски службеници од полициската станица од општа надлежност при СВР Битола од слобода бил лишен Н. М., 36 години, од Р. Србија.

Тој бил фатен на дело додека извршувал тешка кражба во црквата „Св. Недела“ во Битола, од каде што одзел пари.

Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ,ќе следува соодветна пријава.

makfax.mk