(ВИДЕО) Турист му нанесе незамислива штета на симболот на Рим, сега може да добие висока парична казна и пет години затвор

Млад турист идентификуван само како Иван го оштетил римскиот Колосеум така што со клучеви ги врежал своите и имињата на неговата свршеница на еден од ѕидовите на амфитеатарот Флавијан, а сега се соочува со парична казна од најмалку 15.000 евра и до пет години затвор.

Некои случајни минувачи ја снимиле сцената која најверојатно се случила на 23 јуни, а видеото завршило на социјалните мрежи и ја алармирало полицијата.

 

Турист издлабил „Иван + Хејли 23“ во ѕидот на 1.937-годишниот римски Колосеум со клучеви, алудирајќи на годината кога го посетиле овој иконски амфитеатар.

Видеото е објавено на Редит под наслов: „Ф*** туристот го издлаби името во Колосеумот во Рим“. На видеото се жали човекот кој зборува англиски и ја снима целата работа: „Сериозен си човече? Ова е прекрасно, ти си таква кучка“.

 

 

нова.рс