14 евра за две oбични кафиња со млеко во Далмација

Цените во угостителските објекти низ Далмација ги надминаа сите мерки за домашните гости, а се почесто и за странците, пишува денеска Слободна Далмација од Сплит.

Како најнов пример е сметката која ја испратил читател  на слободна Далмација од Корчула од 14 евра за две редовни обични кафиња со млеко.

Читателот како доказ испратил и фотографија од сметката. Според претходните информации на хрватските медиуми, хрватските граѓани, освен оние кои имаат свои викендички на Јадранот, почесто летаат на други дестинации, што досега не беше случај.

image

извор:  Слободна Далмација