Автомобил со српски таблички излета од пат кај Неготино, има повредени

Автомобил со српски регистарски таблички излетал од коловозот на автопатот Неготино-Демир Капија, во близина на ТЕЦ Неготино.

Повредени се сите четворица патници. Жена на 34 години и малолетник имаат тешки телесни повреди, додека возачот и вториот малолетник се со телесни повреди.

Сместени се во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

 

а1on.mk